Четириесет и осумгодишниот скопјанец Г.К. е човекот кој синоќа околу 22 часот беше уапсен во трговскиот центар „Сити мол“.
Скопјанецот бил приведен откако полициски службеници забележале како со нож в раката шета низ трговскиот центар.
Тој по приведувањето бил пренесен во полициска станица, а против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.
Неофицијално, човекот имал психички проблеми и изјавил дека со ножот сакал да сече месо за да ги рани кучињата околу трговскиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


