
Модната колекција наречена „Кристална кугла“(Crystal ball) со потписот на „Mcouture by Mila Kadriu“ ќе биде прикажана во „Сити хол“ центарот во Скопје на втори декември во 20 часот.
Во рамките на десеттиот Моден викенд Скопје, на изложбата на отворено наречена „Арт ограда“ беше поставено пано со една од креациите од колекцијата на Кадриу за есен/зима 2014/2015 година, како најава за претстојната ревија.
Со „ Моќта на заводливост прикажана преку женственоста на линиите кои ја обвиткуваат, нежноста од материјалите кои јасно испишуваат реченици карактеристични само за Неа.“, Мила Кадриу ја опишува најновата колекција.
Моделите од модната агенција „Подиум“ ќе ги носат креациите на Кадриу на втори декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


