| четврток, 6 декември 2018 |

Опасно невреме ја зафати Австралија, 40 лица повредени (фото)

Најмалку 39 лица се повредени во бурата што го погоди третиот по големина австралиски град Бризбејн.

bura

Премиерот на сојузната држава Квинсленд, Кембл Њуман, изјави дека на сите ранети им била пружена медицинска помош и оти тие не се во животна опасност.

Брзината на ветерот вчера попладне во градот достигна 140 километри на час, а самиот центар на градот беше погоден од големи парчиња град, поради што локалното Собрание ја прекина работата.

Голем број улици се поплавени поради што е парализиран градскиот сообраќај.

bura1

Силниот ветер корнеше покриви на згради, а изутринава во расчистување на улиците учествуваа градските служби и припадници на армијата.

Поради соборените дрва и стотици оштетени далноводи, без струја вчера останаа 90 илјади домаќинства, а изутринава без струја се 68 илјади домаќинства.

bura2

Според првичните процени, штетите од бурата достигнуваат над сто милиони долари.

Според метеоролозите, ова е најсериозната бура во градот во изминатите 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top