
На светската ранг листа за донирани органи од жив дарител, Македонија по број на жители е на деветто место, објави „здравство24.мк“. Извештајот е за 2013 година.
Прва на листата е Турција. После Македонија на листата се високо развиени земји со високо развиени здравствени системи како САД, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Данска, Германија.
Што се однесува до земјите од регионот, тие се речиси на дното од табелата. Ако во 2011 имало девет трансплантации на бубрези од жив донатор, сега оваа бројка е тројно поголема.
Директорот на Клиниката за Урологија д-р Михаил Пенев вели дека освен желбата за работа кај тимовите за трансплантација, големо влијание во овој скок на светски рамки има и добрата соработка со Клиниката за Нефрологија од каде што доаѓаат пациентите како и Трансфузиона медицина кои се одговорни за типизацијата.
Дарителите се од прво колено, односно мајка или татко на син или ќерка, или брат на сестра и обратно. Имаат случаи каде дарител е еден од сопружниците кој го дава бубрегот за брачниот партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


