
Поради отстранување на уличен дефект на улица Благоја Давков бр. 12, кое ќе се врши утре, ќе биде сопрена водата за следните улици: Благоја Давков, Дане Крапчев, Славка Недиќ, Ѓорѓи Пулевски, Мајаковски, Црвена Вода и Орце Николов и дел од улиците Рузвелтова, Костурски Херои и Радњанска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 9.30 часот, а повторно ќе биде воспоставено по завршување на интервенцијата која ќе ја вршат екипи на ЈП Водовод и канализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


