| четврток, 6 декември 2018 |

Ваквата реакција ќе го направи вашиот партнер најсреќен

Најновите истражувања покажуваат дека вашата рекација додека партнерот ви соопштува добри вести, може да има голема улога во вашата врска.

srekjna dvojka koja razgovara

Иако ова делува многу очигледно, затоа што е нормално дека сакате со својот партнер да ја споделите среќата, но реалноста е сепак поинаква. Големи се шансите дека токму во тој момент вниманието ќе ви биде усмерено на нешто друго или да не го делите истото ниво на возбудување со партнерот.

Позитивната реакција е многу важна за создавање на поголемо чувство на близина и задоволство во врската и ја намалува веројатноста дека врската ќе згасне, а е дури и поважна од тоа да бидете покрај партнерот во критични моменти. Како реагирате на успехот во работата на партнерот или неговото унапредување игра поголема улога од тоа како реагирате на неговите проблеми во врска со работата.

Затоа следниот пат кога партнерот ќе ви донесе добри вести, потредете се да го исклучите телевизорот или да се оддалечите од компјутерот и покажете дека неговиот успех навистина ве радува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top