Странските медиуми во изминатите денови објавуваат за еден од најголемите комичари во Америка, Бил Козби (77) кој ќе остане
запаметен како насилник врз жените. Меѓутоа, се чини дека ги заборавиле сите други холивудски насилници.
Актерката Барбара Бумем рече дека е изненадена оти јавноста „заспала“ преку ноќ кога е во прашање злосторството на Козби. Таа напиша колумна за „Вашингтон пост“ со детали од сексуалното злоставување од страна на Козби што се случило во средината на 80-те години.
– Во Атлантик Сити каде се случи последниот инцидент, ме нападна во неговиот апартман. Се обиде да ме силува, ми ја искина гардеробата и почна да ги откопчува неговите панталони, напиша Барбара.
Таа додаде дека врескала, го гребела и се обидувала да побегне од него кога Козби се налутил и бесен ја фрлил на подот.
Барбара е само една од повеќето жени кои претрпеле сексуално злоставување во текот на годините.
Овие обвинувања не се само наводи. Комичарот, Ханибал Бурс, исто така, неговиот колега го прогласи за „сериски силувач“. За жал, Козби не е единствен насилнк од Холивуд.
Мајк Тајсон беше осуден за силување и за тоа лежеше во затвор, а сега позајмува глас на јунак на цртан филм. Поранешниот боксерски шампион сега решава чудни криминални случаи.
Роман Полански, познат режисер е обвинет за секс со девојче од 13 години. Тој со децени е во бегство поради тоа, но сепак доби Оскар како и сите други важни филмски награди.
Бил Мареј е обвинет од поранешната жена за брутално физичко злоставување.
Шон Конери е олицетворение на бруталност, тој отворено се залагаше за тоа жените да се тепаат за да се држат под контрола.
Рик Џејмс уапсен поради мачење и сексуално злоставување на жени.
Џон Ленон е еден од најмногу обожаваните музичари некогаш, а признал дека сопругата ја претепувал.
Исто така, кој би можел да ги заборави Мајкл Џексон, Џулијан Асанж, Тупак, Шон Пен, Николас Кејџ, Крис Браун, Чарли Шин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По „Кери“ и „Скарфејс“, Брајан де Палма ќе снима хорор филм по приказната на Харви Вајнштајн
-
Дрога, милиони и ФБИ: Оваа „покер принцеза“ ги знае тајните на холивудските коцкари…(видео)
-
Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)
-
Анален секс, орален секс… цените за улога во филм: Холивуд – преполн бордел, весело друштво и паѓање во сечиј кревет


