
Секоја трета жена во светот е жртва на физичко или сексуално насилство. Македонија денеска се вклучи во глобалната акција 16 дена активизам против насилството врз жените.
Акцијата почнува денес, на Меѓународниот ден на борба против насилство врз жените, а ќе заврши на 10 декември, Светскиот ден на човекови права. Ќе се организираат настани во кои ќе доминира портокаловата боја, како симбол на заедничката борба за искоренување на сите форми на насилство врз жената. Идејата е да се цртаат портокалови цртежи со децата во семејството да им се подаруваат портокалови цвеќиња на жени, како и да се испраќаат пораки со портокалова содржина.
Кампањата под мотото “Направи го твоето соседство портокалово” почна во Општина Кисела Вода. Во неа ќе учествуваат голем број организации, институции, училишта, компании, медиуми и поединци.
– Во кампањата ќе бидат вклучени учениците што се доволно возрасни и зрели за да можат да го препознаат и адресираат проблемот, како прв чекор во глобалната битка против дискриминацијата – рече градоначалничката на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која учествуваше на презентацијата во средното економско училиште, рече дека според полициските податоци во текот на првите девет месеци од годинава се евидентирани 635 кривични дела сторени при семејно насилство што е 25 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Извршители во н90 отсто од делата се мажи, а жртви се жени.
Организатор на активностите за намалување на насилството врз жените е телото на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Не е убавината пресудна: Овие работи им се најважни на мажите кога избираат партнерка
-
Жените ќе се грижат за парите во Македонија
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките


