| четврток, 6 декември 2018 |

Домашен притвор за 12 италијански педијатри за земање поткуп од фармацевтска компанија

doktor
Дванаесет италијански педијатри денеска се ставени во домашен притвор под обвиненија за земање поткуп од фармацевтската компанија во замена за поттикнување на млади мајки да не дојат, туку да купуваат адаптирано млеко, пренесе ДПА.

Единаесет од лекарите се од областа Тоскана.

Полицијата во домашен притвор стави петмина претставници и еден директор на фармацевска компанија, чие име не се наведува.

Педијатрите ги поттикнувале младите мајки да не дојат, за што од компанијата добивале скапи подароци, како смартфони и компјутери. Со овие пари педијатрите од туристичка агенција, соучесник на фармацевската компанија, си купиле ваучери за луксузни одмори.

– Се чудам како може педијатрите така да работат, газејќи ја својата професионална етика, раководните принципи на Министерство за здравство и препораките на целата научна заедница. Сето ова тие го правеле само за да добиваат луксузни подароци и бесплатни патувања, изјави италијанската министерка за здравство, Беатриче Лоренцин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top