| четврток, 6 декември 2018 |

Во Венеција казни од 500 евра за куфери со бучни тркала

venecija

Позната по спокојот и по тишината, Венеција е на пат да стане уште потивка, така што ќе ги забрани гласните куфери на тркала. Жителите на овој град се револтирани од метежот од куферите, влечени по уличките со калдрма и мостовите, од голем дел од 27 милиони посетители, кои поминуваат годиншно.

Иритацијата ги натерала градските власти да постават правила со кои од следната година ќе воведат казни до 500 евра за туристите, ако на куферите немаат нечујни тркала, направени или од гума или полни со воздух, или пак едноставно да си го носат багажот до и од хотелот.

Забраната ќе важи и за количките што ги користат работниците за последната фаза од испораката на стока на мало.

images

Властите додаваат дека пригушени тркала се потребни и за заштитата на старите асфалтирани улици во градот.

– Добивме исто така многу поплаки поради постепеното влошување и уништување на поплочувањето и мостовите, кои преживеале непроменети со векови, велат од градските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top