Во врска со објавувањето на годишниот извештај за даночните системи на „Прајс вотерхаус куперс“, во соработка со Светската банка, во кој Македонија се рангираше на високото седмо место, девет позиции пред Британија, лондонски „Телеграф“ објави текст насловен „Македонија и Кирибати имаат подобри даночни системи од Обединетото Кралство“.
Во текстот, водечкиот британски весник пишува дека и покрај реформите спроведени од конзервативната влада на Дејвид Камерон, како што е кратењето на данокот од 28 на 20 проценти, сепак, извештајот утврдил дека британските компании сè уште се притиснати од голем број непотебни регулативи и од бавните даночни реформи. Телеграф му оддава признание на Камерон дека успеал да привлече стотици мултинационални компании во Британија со намалувањето на данокот, но, сепак, му забележува дека Британија паднала за две места ранг-листата на ПВЦ и на Светската банка и сега е на 16 место.
– Со овој пад, сега Британија е зад Македонија и пацифичкиот остров Кирибати, кога ќе се земе предвид конкурентноста на нашата даночна политика – пишува „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Скандал во Британија: Компанија за болнички отпад, складирала човечки тела
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок



