| четврток, 6 декември 2018 |

Вини Пу е непожелен во Полска

vini pu

Популарниот анимиран јунак Вини Пу, симпатичното мече со кое растат многу деца во светот не е најпосакуваниот лик во Полска поради својата „сомнителна сексуалност“ и поради „непристојното облекување“.

Детскиот јунак требало да биде заштитен знак на едно ново игралиште за деца во еден полскиот град, но челниците на градот тврделе дека Вини Пу ги потсетува на хермафродит и дека не треба да им биде пример на децата, пренесува „Индепендент“

– Проблем е што тоа мече нема комплетирана гардероба облечен е до пола и како такво е непримерно за децата – изјави Ричард Чихи, кој предложил традиционална полска мечка да биде маскота на игралиштето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top