| четврток, 6 декември 2018 |

Барби со акни, целулит и стрии

Нормалната“ Барби има тело на просечна девојка, а децата по желба можат да и додадат акни, целулит, стрии. Веќе подолго време се зборува за тоа дека популарната кукла има нереални пропорции и дека нејзината совршеност не влијае добро врз самодовербата на децата.

Поради тоа Заради тоа, уметникот Николај Лем одлучи да направи Барби според пропорциите и изледот на една просечна 19-годишна Американка – со поприроден изглед, со помалку шминка и помалку елеганта облека.

Куклата веќе е пуштена во продажба, а може да се нарача и посебен пакет налепници кои на децата им овозможува на нивната кукла да и ставаат тетоважи, целулит, стрии, актни…

– Сметам дека куклите изгледаат навистина идеално, а во реалноста ретко кој од нас има толку совршена кожа, изјави Лем за „Хафингтон пост“.

– И зошто тогаш куклите да не добијат еден „реален третман“ во вид на акни, целулит, стрии, кои ги имаат меѓу 50 и 90 отсто од жените, прашува овој уметник.

Тој додава дека многу е важно децата на време да научат дека сето тоа е нормално и дека не треба да се срамат на таквите „недостатоци“, што го инспирирало да направи „нормална“ Барби. Овој уметник и претходно изработувал различни верзии на познати кукли со цел а им даде поприроден изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top