Доколку сте во Стокхолм, Шведска, околу 22 часот, во урбана средина, а се решите да врескате, ќе се изненадите од реакцијата.
Доколку, на пример, во некој друг град можеби би преживеале навреди, пцости, закани, полиција или, можеби, и некој истрел, тука постои друга традиција.
Жителите на реонот Флогста во Стокхолм имаат свој тренд веќе педесетина години. Доколку некој отвори прозорец и почне да вреска, почнува масовно приклучивање од соседството низ целиот кварт. Нема навреди, зборови, нема полиција. Трендот полек,а но сигурно се шири низ целата држава.
Постојат две приказни како почнала таа општа „катарза“. Според едната, студентите, најчести жители на реонот, го ваделе стресот пред испит. Но, според втората, врескањето е во чест на студент што си го одзел животот.
Сепак, денес жителите на квартот велат дека никаде нема подобра атмосфера во викенд-деновите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


