| четврток, 6 декември 2018 |

Станислас Вавринка му „врати“ на Федерер

По инцидентите што се случиле во гардеробата по мечот од полуфиналето на завршниот мастерс-турнир во Лондон меѓу Вавринка и Федерер, во кои дошло до голема расправија меѓу најдобрите швајцарски тенисери, на профилот на „Твитер“ на најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, осамна слика во која се гледа дека проблемите со Вавринка се надминати и тие заедно ќе се обидат да дојдат со репрезентацијата на Швајцарија до првиот трофеј во Дејвис-купот.

Вавринка го искористи моментот и му „врати“ за поразот во Лондон правејќи му „уши“ за време на фотографирањето.

Репрезентацијата на Швајцарија престојниот викенд го игра финалето на Дејвис-купот против Франција во Лил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top