| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Напаѓачите на Беко ќе бидат пронајдени, ова не го извеле професионалци

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека е уверен дека во наредниот период оние кои пробаа да го убијат бизнисменот Милан Беко ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата и додаде дека нападот не бил професионално изведен.

aleksandar-vucic-1361309551-270601

– Ова секако не е професионално изведено, не станува збор за обид за професионално убиство. Сторителите направиле многу грешки и уверен сум дека ќе бидат пронајдени – изјави Вучиќ и додаде дека е важно што Беко е жив.

Српскиот бизнисмен Милан Беко е тешко ранет вчера пред својата куќа во елитната белгардска населба Сењак, извршена му е операција, но повредите се опасни по живот.

milan-beko-foto-marina-lopicic-1368606913-310571

Началникот на белгардската полиција изјави дека најверојатно станува збор за двајца сторители, извршител и помагач, но дека не може да дава повеќе информации во корист на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top