| четврток, 6 декември 2018 |

Гугл се заби во Драчево (фото)

10171045_976651029018798_6672958781818256892_n (1)
Возилото на Гугл заврши во сообраќаен знак во Драчево. Екипи од канцеларијата на Гугл во Белград овој период во Македонија и активно работат на терен. Тие ги снимаат улиците и објектите во Македонија. Дојдени се да направат нови снимки за подобрување на квалитетот на функцијата „Стрит вју“, во рамките на апликацијата „Гугл мапс“. Но возилото немаше среќа на македонските улици. Денеска на фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам се појави фотографија на која возилото на гугл е забиено во сообраќаен знак на тротоар во скопската населба Драчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top