Германскиот весник „Шпигел“ пишува дали државните службеници во Грција земале мито, во врска со информациите изнесени од грчките власти дека 5.260 службеници изнесе во странство 1,5 милијарда евра од 2010 година до крајот на минатата година.
– Властите во Грција ја интензивираат истрагата за затајувањето даноци и кругот на државните службеници. Се претпоставува дека, сепак, само за четири години државните службеници изнеле во странство стотици милиони евра и прашањето е дали тие пари се од поткуп – пишува „Шпигел“.
Според весникот, очигледно е дека неплаќањето даноци е широко распространето и во круговите на државните службеници во Грција.
Според листата, 329 од тие службеници се на раководни функции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


