Се очекува новата „мазда 2“ да направи вистински бум во класата на мали градски автомобили и во целокупната понуда од Б-сегментот.
Малиот автомобил во почетокот на ноември ќе биде претставен во Барселона, претставништвото на „Мазда“ за Европа, а до крајот на годинава и на неколку национални саеми за автомобили низ Европа.
„Мазда 2“ е карактеристична по уникатниот дизајн на целокупната гама возила од „Мазда“. Внатрешноста го следи дизајнот на „мазда 3“ вклучувајќи ги и првиот мултифункционален екран во овој сегмент и специјалниот волан кој е приспособен за кабината на малиот компактен автомобил. Автомобилот, помогнат од системот MZD, ќе биде меѓу првите автомобили од оваа класа кои на корисниците им овозможуваат постојан електронски контакт, со максимална сигурност во исто време.

Внатрешниот простор овозможува удобност и пространост, особено за возачот, но и за патниците што се возат на задните седишта.
Новата „мазда 2“ ќе се нуди со четири различни мотори, од кои едниот е дизелски агрегат.
Потполно новиот 1,5-дизелски мотор има мала компресија со 105 коњски сили, со минимална потрошувачка од 3,4 литри на 100 километри во комбиниран режим на возење. Емисијата на штетни гасови е сведена на само 89 грама јаглероден диоксид на еден километар.
Бензинските мотори, исто така, имаат зафатнина од 1,5 литри, со 75, 90 и 115 коњски сили и просечна потрошувачка од 4,5 до 4,9 литри на 100 километри.

За преносот на силата од моторот до осовината се задолжени пет или шестстепени мануелни менувачи и еден шестстепен автоматски менувач. Сите менувачи се приспособени за оваа каросерија и имаат значително помала тежина.
„Мазда 2“, освен на саеми за автомобили, ќе биде претставувана и на филмски фестивали и на отворања големи трговски центри во светските метрополи.
Првите модели ќе ги видиме на европските патишта на почетокот на 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


