Синоќа во Италија се одигра редовното деветто коло од Серија А.
Лидерот на табелата, Јувентус доживеа прв пораз во лигата на гостувањето кај Џенова од 1-0. Единствениот гол за домаќините го постигна Антонини по асистенција на поранешниот играч на Јувентус, Алесандро Матри во самиот финиш од мечот, во 94. минута.
Рома, која се чини е едниствениот тим што може да се бори за титулата со неприкосновениот Јувентус, лесно со 2-0 ја победи Чезена. Дестро стрелаше во раната фаза од натпреварот, во осмата минута. Конечниот резултат го постави Даниеле де Роси во 81. минута. Со ови три бода Рома се изедначи со Јувентус на првото место на табелата со по 22 бода и идентична гол-разлика од по 16 дадени и само четири примени гола.
AS Roma vs Cesena (2-0) Full Highlights 29/10… by rubin7190
Нов кикс на Наполи на гостувањето во Бергамо против Аталанта. Гостите од Неапол не успеаја да дојдат до три бода, бидејќи Игуаин промаши пенал при резултат 1-1 во судиското продолжение. Претходно за Аталанта успешно стрелаше Герман Денис во 57 минута, а Игуан го израмни резултат на само четири минути до крајот на регуларниот дел.
Atalanta vs Napoli (1-1) Full Highlights 29/10… by rubin7190
Интер успеа да ги освои трите бода и да врзе две победи по ред. Повторно победникот се решаваше по изведен пенал при самиот крај. За разлика од Игуаин од Наполи успешен стрелец за тимот од Милано беше Икарди кој им донесе голема радост на навивачите на Сан Сиро.
Inter vs Sampdoria (1-0) Full Highlights 29/10… by rubin7190
Во останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Калјари – Милан 1-1, Фиорентина – Удинезе 3-0, Палермо – Кијево 1-0, Торино – Парма 1-0, Сасуоло – Емполи 3-1.
Вечерва се игра последниот натпревар од деветтото коло, а се среќаваат екипите на Верона и Лацио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



