| четврток, 6 декември 2018 |

Аќимоски со 6 приоритети за Гостивар

аќимовскиИзградбата на нова филтер станица е првиот од шесте приоритети на кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Аќимоски.  Иако станицата е најважна, како што тој посочи, досега не е ниту започната со изградба.

Аќимоски вели дека има решение за сообраќајниот хаос во Гостивар, а во својата изборна програма има предвидено и изградба на нов мост. Аќимости им порача на своите сограѓани дека ќе направи се за да се изгради нова, а да се затвори старата санитарна депонија Русино која не е според европските стандарди и не е еколошки безбедна.

-Ќе го подновиме целокупното зеленило во градот, ќе изградиме и нови паркови покрај коритото на реката Вардар. Располагаме со најубавата река, а нејзиното корито не личи на ништо, нагласи Аќимоски. Тој во програма има 80 проекти во областа на социјалата, земјоделието, младите, спортот, а не заостанува ниту економијата со изградба на нови индустриски зони за нови вработувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top