| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени 14 лица во Гостивар поради трговија со луѓе

Четиринаесет лица, меѓу кои и двајца странски државјани, се приведени во Гостивар под сомнение за инволвираност во трговија со луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 25 октомври, службеници од полициската станица Гостивар и од отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, спровеле заедничка акциска контрола во три угостителски објекти во Гостивар.

Во акцијата, по разни основи, а најмногу поради сомнение за нивна евентуална инволвираност во трговија со луѓе, вкупно биле приведени четиринаесет лица, меѓу кои и двајца странски државјани,  информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top