Многумина од гостите го гледаат хотелскиот персонал како „интернет пребарувач“ и сметаат дека не постои нешто на светот што тие можат да го најдат.
Рецепционер од Мајами ги запишувал бизарните барања на своите гости и еве некои од нив кои се нашле на листата:
Инструктор по јога во три часот наутро
Ова необично барање не се случило само еднаш. Хотелскиот персонал бил замолен среде ноќ да најде инструктор по јога. Ова барање вообичаено било од страна на манекени кои сакале да се подготват за утринското снимање.
Трениран мајмун кој знае да танцува
Една филмска екипа побарала трениран мајмун кој знае да танцува затоа што нивната ѕвезда во последен момент не била во состојба да настапи.
Педикир за мачки со дозвола
Еден од гостите секаде со себе ја водел плашливата мачка која една ноќ полудела и почнала да го гребе својот сопственик, а потоа и хотелскиот намештај. Гостинот замолил да му најдат професионалец кој ќе ѝ ги скрати ноктите на мачката.
Таблети за спиење
Едно од најчестите барања се таблетите за спиење за кои е потребно да се има рецепт.
Ескорт девојки
Една од честите молби на гостите е хотелскиот персонал да им најде ескорт девојка за забава.
Три автомобили „ламборџини“
Една славна личност побарала три автомобили „ламборџини“ за да организира мала трка со своите пријатели.
Пилешко вредно 5 илјади долари
Позната поп-ѕвезда на вработен во хотелот му рекла дека сака толку пилешко месо колку што може да добие за 5 илјади долари. Пилешкото месо требало да биде од „Кентаки фрај чикен“, а персоналот на хотелот отишол во три различни ресторани и се погрижил пилешкото да остане топло.
Костим
Персоналот на хотелот повеќе пати среде ноќ бил замолени на некој од гостите да му набави костим, а тоа да биде секси униформа и костим од филмот „Жена-мачка“. За среќа, во Мајами има продавници кои се специјализирани за такви костими и секогаш се отворени.
Таблета за ден потоа
Ќерка на некој трговец со недвижнини за време на појадокот побарала од персоналот во хотелот „план Б“. Кога вработениот ѝ дал на знаење дека не ја разбира за што зборува, таа отворено му рекла дека сака таблета за ден потоа. Персоналот ѝ ја исполнил желбата откако таа ја дала на увид својата возачка дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Мртов маж пронајден во хотел кај Бит Пазар: Лежел на подот со траги од крв и метадон
-
Инцидент во скопски хотел: Пијан гостин се расправал заради сметка за кафе, обезбедувањето морало да интервенира
-
Од хотел украл 80 радијатори, два бојлери, шпорет, лонци, чајници, чаши



