| четврток, 6 декември 2018 |

Таа дава ново значење на изразот „опасна фризура“

tifani lazet bas

Тифани Лазет Бас (32), е уапсена во Рали во Северна Каролина, во ноќен клуб каде што имало полициска рација. Додека во полициската станица чекале записникот да биде готов, полицајците забележале дека Тифани се однесува чудно, односно дека се движи по ходникот со искривена глава на едната страна. Мислејќи дека ѝ е лошо, пришле да ја прашаат дали е во ред, но таа се успаничила.

По претресот е откриено дека Тифани во клубот била со пиштол калибар 38, а кога почнала рацијата, го скрила пиштолот во својата коса во која имала и вметната коса.

Таа е оптужена и ќе ѝ се суди за носење оружје без дозвола и утврдено е дека пиштолот е украден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top