Citizenfour новиот документарец за Едвард Сноуден, кој го сними Лаура Поитрас, меѓу другото е и новинарски прилог за новинарството. Почнува со цитатот од преписката меѓу Поитрас и нејзиниот нов извор, кој се претставил само како Citizenfour. Се открива дека овој извор е Сноуден. Набрзо, Поитрас и Глен Гринвалд, во тоа време колумнист за Гардијан, патуваат во Хонг Конг да се состанат со Сноуден во хотелска соба.
Во тој момент се уште не знаат дали Сноуден е навистина лицето за кое се претставува. Не знаат ни дали неговите материјали се автентични. Па сепак, Поитрас веднаш ја вклучува својата камера. Гринвалд, кој студирал право, многу вешто го испитува Сноуден. Постепено, значењето на Сноуден станува јасно. Секвенцата е содржинска и тензична и има многу впечатливи аспекти. Еден од нив е тој дека сведочиме на историски важна пракса од извештаите и проверките на изворот во моментот кога се случува. Тоа е исто како Боб Вудвард да го снима својот прв состанок во гаража со Длабоко грло.
Сноуден во филмот е прикажан како итар, цврст и интересен. Сноуден рекол дека никогаш не разговарал со новинари пред да го контактира Поитрас. – Не знаев ништо за медиумите – рече за Гардијан минатото лето. – Бев девствен извор. Ова не звучи сосема убедливо: можеби тој никогаш не разговарал со новинари, но се однесуваше исклучително софистицирано, и тогаш и подоцна – тој е многу далеку од буквалниот наивен извор.
Всушност, еден од најмалку коментираните аспекти на случајот Сноуден е дека тој со својот пример, како извор, влијаеше на подобрувањето на новинарската пракса. Како што е познато, кога Сноуден за прв пат го контактирал Гринвалд, инсистирал овој колумнист со него да комуницира само по пат на кодирани канали. На Гринвалд тоа не му се допаднало. Дури подоцна, кога Поитрас рекла на Гринвалд дека сепак треба да се потруди, Сноуден го прифатил како соговорник.
Беше евидентно некое време пред да се појави Сноуден, да мора да се менуваат најдобрите пракси во истражувачкото новинарство и заштитата на сведоците, во голема мера поради преминот на новинарството на дигиталните канали. Третиот новинар на кој Сноудендоставил документи од Државната агенција за безбедност НСА, Бартон Гелман, од весникот Вашингтон Пост, беше познат во својата редакција по тоа што рано ја усвои праксата на кодирање. Но, тоа беше тешка еволуција, од повеќе причини.
Новинарите многу комуницираат, а кодирањето таа навика ја прави многу потешка. Многу новинари не поседуваат технички вештини самостојно да донесат одлука за тоа кои пракси се нај ефективни и нај ефикасни. Исто така, истата дигитална револуција која го донесе прислушкувањето и изворите као што е Сноуден, ги поремети новинарските куќи и нивните модели на работа. Буџетот за обуката се намали. Во такво нестабилно опкружување, економско и во смисла на публиката, заштитата на изворите и интегритетот на независното новинарство во некои редакции се спуштија на листа на приоритети.
Сноуден сега пружил многу видлив пример каков што, во состојба на висок ризик, кодирањето може па и во минимална мерка да создаде време и место за независни новинарски одлуки за тоа што да се објави и зошто. Сноуден не бараше неговиот идентитет да се заштити подолго од неколку дена, се чини дека мислел дека тоа нема да успее подолго од тоа, но и дека сакаше да се открие на јавноста. Па сепак, чекорите што ги презема да ги заштити своите податоци и неговите разговори со новинарите, овозможија на Гардијан и Пост да ги објават своите први приказни и да го свртат глобалното внимание на Сноуден.
Беше потребен експерт од внатре, кој го ризикуваше животот и својата слобода, да покае колку кодирањето и поврзаните мерки за безбедност се важни. – Немаше ризици дека комуникацијата ќе биде загрозена – рече Сноуден за Гардијан, реферирајќи се на тоа како постапувал во својот однос со Поитрас и со другите пред нивниот состанок во Хонг Конг. – Можеа да ме уништат – но неговото кодирање и другите пракси за безбедност на податоци обезбедија неможност за пресретнување на неговата комуникација со новинарите, освен ако новинарите намерно не ја проследат до владата.
Во менувањето на праксата на независното новинарство, клучно прашање е колку често и на кои начини владите, нашата и владите на други земји, систематски и целно ја прислушкуваат новинарската комуникација. Поради сите овие различни откритија за прислушкувањето, тоа е област во која случајот Сноуден даде најмалку одговори. Се чини дека можеме слободно да го претпоставиме најлошото, но што се однесува до праксата на американската влада, постојат големи дупки во нашето разбирање. Наредбите од Белата куќа, Патриотскиот закон, Законот за прислушкување на странски агенти, сите можат да бидат основа за прислушкување на новинарите. Па сепак, владата никогаш не ја откри својата политика, ниту историјата на своите конкретни пракси по нападот на 11 септември.
Во септември, Новинарската комисија за слобода на печатот и повеќе од 20 медиумски организации ја прашаа Надзорната комисија за приватноста и граѓанските слободи, независно државно тело, да се позабави со овие прашања и на јавноста да ги објави своите наоди.
– ПРОГРАМАТА за прислушкување во корист на државната безбедност не смее да се користи за да се заобиколат важни суштински и процедурални заштити на кои новинарите и нивните извори имаат право – стоеше во нивното писмо. – За овие програми мора јавно да се објават доволно детали, така новинарите и нивните извори да бидат подобро обавестени за собирањето и употребата на податоците од нивната комуникација.
Од агол на новинарите, Едварди Сноудени на овој свет се чести колку и Халеевата комета. Не е можно да се работи новинарска работа ефективно и рутински ако работите на тоа секоја комуникација да мора да биде посебно заштитена. Прашањето кои се најдобрите новинарски пракси и понатаму стои отворено, како и прашањето за заштита на приватноста во поширока смисла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.