Секретаријатот на здравствената мрежа на земјите од ЈИЕ отвори седиште во Скопје. Здравствената мрежа на земјите од ЈИЕ е регионална иницијатива која постои веќе 10 години, како активен учесник во глобалните здравствени текови и претставува заедничка иницијатива на министрите за здравство на Хрватска, Албанија, Босна и Хецеговина, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора и Македонија, како и на нивните партнери: Совет на Европа, СЗО -регионална канцеларија за Европа, Банката за развој на Советот на Европа, Европска унија (во својство на опсервер), Белгија, Норвешка, Швајцарија, Словенија, Велика Британија, Грција, Италија, Франција, Унгарија, Шведска и Израел.
– Отворањето на седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа претставува значајно меѓународно достигнување и потврда за заложбите и за добрите политики на Македонија, како една од најактивните држави- членки во мрежата – стои во соопштението од Министерството за здравство.
На отворањето на седиштето присуствуваа министерот за здравство Никола Тодоров, регионалниот директор на СЗО за Европа, Сузана Јакаб, и Горан Черкез, помошник-министер за здравство од Босна и Херцеговина, претседавач на извршниот комитет на Мрежата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


