Шампионот на Македонија, Работнички, продолжи со добрите игри во серија, а добрата фрома „романтичарите“ ја потврдија и денеска против Тетекс во Тетово со п-обеда од 5-1. Мечот имаше инетесен тек, бидејќи домаќините поведоа со 1-0 со голот на Боби Божиновски, но потоа се беше во знакот на гостите.
Стојков израмни на 1-1, па следеше хет-трик на Алтипармаковски, а точка на петката стави Чурлинов со гол во самиот финиш.
Лидерот Вардар по четврти пат во низа ги разреши сите дилеми околу победникот уште по првиот дел. Ерменецот Дашјан со гол во 35. минута ги разби надежите на Брегалница за поволен резултат против „црвено-црните“. Вардар претходно на идентичен начин со голови во првиот дел ги победи Шкендија на двапати и Пелистер во вечното дерби.
Шкендија со голот на првиот стрелец во првенството, Вручина, забележа победа на гости против Турново, а Металург и Пелистер ремизираа без голови. Вчера идентично, реми, но со по 2 гола во двете мрежи одиграа Ренова и Силекс.
Табела: Вардар 30, Работнички 22, Шкендија 21, Металург и Силекс по 18, Пелистер 17, Турново 15, Ренова 13, Брегалница 8 и Тетекс 2 бода
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



