| четврток, 6 декември 2018 |

Се множат охридски семејства со трето дете

трето детеОд година во година се зголемува бројот на охриѓанки кои се одлучуваат да родат трето дете, по владините субвенции за проширување на семејствата. Статистичките податоци за корисниците на детски додатоци говорат дека само во текот на минатата година биле евидентитрани 237 охридски семејства кои се корисници на додаток за трето родено дете. Оваа бројка е за 51 поголема од бројката на семејства која била евиденирана во 2012 година, кога се запишани 187 корисници на овој родителски додаток, пренесува Охридњуз.

За зголемувањето на бројот на трето родени деца во Охрид покажува и споредбата од Државниот завод за статистика. Во 2011 година на подрачјето на Охридскиот регион биле евиденирани 132 корисници на додаток за трето дете, а во 2010 година биле запишани 94 вакви корисници.

Родителскиот додаток за трето дете се исплатува месечно, за период од десет години, во висина од 8.048 денари. С

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top