| четврток, 6 декември 2018 |

Прирачникот на СДСМ како потврда за неискреноста на СДСМ кон граѓаните

centralen-komitet-sdsm-5

Вежбајте што треба да зборувате, не тропајте ни прегласно ни претивко, ако се зафатени извинете се и прашајте дали може да се вратите за половина час… Иако можеби звучи како час по бон-тон во детска градинка или во прво одделение, сепак се работи за „лекција“ која треба да ја научат возрасни луѓе. СДСМ се надмина себе си. Тој што го смислува пр-от на лидерот на партијата Зоран Заев и на самата партија, или има за задача да му наштети на Заев и на неговото менаџирање со партијата или навистина не знае што прави и како се работи. Новиот прирачник на најголемата опозициона партија сигурно не води кон успешна и ефикасна кампања. Голем процент од разграноците и тимовите кои се тргнати од врата на врата добија прирачници според кои треба да се раководат додека разговараат со граѓаните. Прашање е прирачниците кого повеќе потценуваат – луѓето од тимовите пратени на терен или граѓаните на чија врата ќе затропаат тие. СДСМ кон своите луѓе се однесува како кон луѓе без култура и манири – и малите деца имаат научено дека кога е време за ручек и одмор не се оди на гости. Од друга страна пак, на врата ти ѕвони некој што се однесува според некакво зацртано сценарио – каде е тука спонтаноста, каде е тука искреноста и блискоста… Се потценува капацитетот на граѓанинот, неговата умешност да препознае отворен и искрен пристап и однапред договорена сцена… Покрај тоа тимовите се испратени и на „тајна мисија“ – Ако нема никој дома, обидете се од соседите да дознаете дали некој живее на таа адреса… Ова е само доказ за неискреноста на најголемата опозициска партија. 

-Kога ќе одите од врата на врата секогаш почнете од последниот кат и движете се надолу. Одете меѓу 10 и 21 часот за викенд и меѓу 18 и 21 часот во работен ден, а никогаш за време на ручек. Облечете соодветна облека и без нервоза. Не носете на себе очила за сонце или капа која може да ви го скрие лицето. Вашата лична приказна е секогаш најдобар начин да ги вклучите во разговор луѓето што ќе ви отворат врата. Супер е ако разговарате и надвор од сценариото. Ако нема никој дома, обидете се од соседите да дознаете дали некој живее на таа адреса.

Сценариото вели –  доколку од СДСМ ве посетат на домашна адреса, главните прашања што ќе ви ги постават ќе се однесуваат на работата на локалната самоуправа и на извршната власт. Целата динамика е одредено да се движи по конкретни рокови, а на тимовите наредено им е да бидат „позитивни и ведри и никогаш да не влегуваат во расправија со граѓаните“. 

Понатаму во сценариото дадено од централата на СДСМ стои дека  тимовите никогаш да не почнуваат разговор со жалење за лошата политика на власта. 

Во прирачникот што го објави Дневник стои: Kога ќе одите од врата на врата секогаш почнете од последниот кат и движете се надолу. Одете меѓу 10 и 21 часот за викенд и меѓу 18 и 21 часот во работен ден, а никогаш за време на ручек. Облечете соодветна облека и без нервоза. Не носете на себе очила за сонце или капа, која може да ви го скрие лицето. Вашата лична приказна е секогаш најдобар начин да ги вклучите во разговор луѓето што ќе ви отворат врата. Супер е ако разговарате и надвор од сценариото. Ако нема никој дома, обидете се од соседите да дознаете дали некој живее на таа адреса.

ДИРЕКТИВИ ЗА ТИМОВИТЕ

– Облекување во соодветна облека, без очила за сонце и без капа
– Граѓаните да не се посетуваат за време на ручек
– Во моментот кога ќе ви ја отворат вратата, секогаш направите чекор назад. Така ќе покажете дека немате намера да влезете

– Вежбање на тоа што треба да се каже
– Никогаш не одете од врата на врата сами, тропајте ниту претивко ниту прегласно

– Бидете насмеани, позитивни и ведри

– Не почнувајте го разговорот со жалење за ситуацијата или за лошата политика на власта

– Не влегувајте во расправии

– Разговорот просечно треба да трае десет минути

– Ако граѓаните во тој момент се зафатени, извинете им се и прашајте дали може да наминете за половина час

– Не правете се експерт за политика. Ако не го знаете одговорот на прашањето на граѓанинот, насочете го каде може да го најде

– Едниот член на тимот разговара со гласачот, другиот запишува

– Разговорот почнува вака: Јас сум… Сакаме да ве слушнеме… Дали може да ви одземеме неколку минути од вашето време

– Прашајте ги кои проблеми им се најголеми во општината, кои се најважните прашања во државата, дали би нè поддржале ако утре се одржат изборите, дали сакате да станете наш член…

АКО ВЕ ЗАЗБОРУВААТ, ИЗВИНЕТЕ СЕ

Посебен совет е даден за во ситуација кога домаќинот кај кого тимот дошол се зазборувал повеќе од десет минути, а тие се брзаат за да одат на следната врата.

– Еве како учтиво да се извадите од таквата ситуација: Би зборувале уште долго, но денес морам да стигнам кај уште триесетина соседи од вашето маало. Слободно пишете ни порака или побарајте нè, сите информации се содржани во брошурата што ви ја дадов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top