Чудесните трки и победи на Марк Маркез продолжија и во Малезија, а со 12. триумф, шпанскиот ас го израмни рекордот на Мајк Дуан со најмногу победи во една сезона, Маркез има шанса до крајот на овој циклус во Мото Гран при класата и да го надмине Австралиецот.
Маркез победи во Сепанг пред Велнтино Роси и сонародникот Хорхе Лоренцо, а титулата ја обезбеди на претходната трка. Маркез вози втора сезона во Мото ГП класата и направи вистински подвиг со две титули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



