Сега веќе екстренерот на МЗТ Скопје Змаго Сагадин за словенечкиот портал „Кошарка“ вели дека заминувањето од Скопје е неговата најдобра одлука, пред сѐ поради неговата влошена здравствена состојба.
Сагадин засега е без ангажман, а на прашањето дали наскоро треба да го очекуваме на клупа на некој друг клуб, тој одговори дека му се потребни 2-3 месеци да се одмори од, како што рече, сра*ето во Скопје, а потоа ќе одлучи дали ќе продолжи или ќе замине во пензија.
Сагадин воедно додаде дека за неговите идеји немало разбирање во клубот, а раководните луѓе сакале веднаш да направат голем тим кој ќе победува на секој меч.
Инаку, нов тренер на МЗТ Скопје е македонската кошаркарска легенда Врбица Стефанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.