Една студија спроведена во САД на Темпл Унвиерзитетот покажува дека тинејџерките имаат поголем ризик за депресија во споредба со нивните врсници.
Стручното списание „Clinical Psychological Science“ пишува дека тинејџерките имале поголем број симптоми на депресија, кои во текот на набљудуваниот период од три години не изгубиле на интензитет.
Спротивно на тоа, тинејџерите имале во просек помал број симптоми на депресии чиј интензитет во текот на истражувањето се намалувал.
Утврдено е и дека кај тинејџерките е многу почесто стресот поврзан со односите кои ги имаат со луѓето околу себе.Во истражувањето користени се податоци речиси од 400 тинејџерки и тинејџери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


