Дури 15 дена на грчките органи им требаше за да пратат повратна информација кон Македонија која го потврди најлошото. Од МНР потврдија дека анализата од Грција е стигната и дека преку службите на полицијата таа им е доставена на семејството Маркоски во Прилеп. Законските одредби сега предвидуваат преку дипломатски канали МНР да издаде спроводница за да се донесе телото на Дениса.
Канал 5 контактираше со членови на семејството на Дениса, но тие не сакаале да коментираат ниту да потврдат дали нешто им е доставено.
– Бидете луѓе, оставете не – им рекле на новинарите кои стоеле пред семејната куќа на Марковски во Прилеп, каде роднините на девојчето плачеле.
Најблиските изразиле сомнеж во резултатите токму поради бавноста на постапката и на полициските службеници им најавиле дека ќе бараат нова обдукција и нова ДНК анализа која ќе се изврши во Македонија. Тие очекуваат дека ќе им биде излезено во пресрет и во македонските лаборатории ќе биде направена втора анализа и за причините на смртта кои се уште никаде не се објавени и за проверка на останатите податоци поврзани со мистериозната судбина на Дениса.
Ќе се бара и проверка на други детали откриени во истрагата, каде е сим-картичката од телефонот на Дениса. Последен пат кога била видена на палубата на бродот, Дениса го носела телефонот, тој е најден но без картичка во него. Се уште тлеат и сомнежите дали некој од бродот, гостин или член на екипажот и направил нешто на Дениса.
Таа исчезна ноќта на 12-ти септември од бродот „Серинисима“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



