Уставниот суд идната среда ќе расправа за Законот за лустрација. Претседателот на Судот Бранко Наумовски информира дека предметот го добил завчера, а седницата ја закажал денеска.
– Здравствени и лични се причините поради кои доцни доставувањето на предметот до претседателот Наумовски иако тоа требаше да се случи пред најмалку некој месец, изјави на прес-конференција надлежниот судија.
Одговорајќи на новинарско прашање во врска со политичките обвинувања дека со последните измени во составот, Уставниот суд станува продолжена рака на власта, Наумовски со оценка, секој судија е одговорен за својата работа, особено по изјавата што ја дава во Собранието дека функцијата ќе ја извршува совесно, чесно и доследно.
– Јас сум еден од најстарите во овој состав. Можам да кажам дека има одредени отстапувања во образложенијата на одлуките и во некои ставови, промена на ставови на Судот. Тоа го имало порано, може ќе го има и сега, некогаш подрастично, некогаш не толку изразено. Сепак, секој судија е самостоен и независен во своето одлучување. Одговорен е во рамки на надлежноста, водејќи притоа сметка и за севкупната одговорност на Судот, истакна Наумовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти
-
Пренџов: Побаравме од Уставниот суд да укаже на нелогичноста во законите за локална самоуправа


