Шефот на германската дипломатија, Гидо Вестервеле, изјави дека Владата во Берлин е за мирно решение на сириската криза и повторно одби испорака на оружје на сириските бунтовници. Тој укажа дека, наместо тоа, шефовите на дипломатиите на ЕУ ја обликувале политиката на санкции, така што на сириската опозиција може да ѝ се испорачуваат, на пример, заштитни елеци или апарати за откривање мини.
– Ситуацијата во Сирија е ужасна. Германската влада сака да придонесе кон тоа, наспроти сите тешкотии, Сирија да најде мирно решение – рече Вестервеле во интервју за „Тагеспигел“.
Тој советуваше сериозно да се земат предвид политичките иницијативи на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


