На автопатот Тетово-Скопје на околу 2 километри од клучката за Групчин, 46-годишниот Љ.А. од тетовско Ново Село денеска околу 10 часот бил пронајден со повреди од огнено оружје. На тетовчанецот му била нанесена прострелна рана во десната натколеница.
Повредениот веднаш бил префрлен во клиничката болница во Тетово каде откако му била укажана лекарска помош бил упатен на скопските клиники. До повредениот имало траги од крв и нож на расклопување кои биле земени за вештачење.
Полицијата веќе има осомничен за делото но се работи на точно утврдување на неговиот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


