На Инфективното одделение во штипската Клиничка болница за два дена се хоспитализирани 13 пациенти со симптоми на салмонела.
Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска, ја потврди информацијата и изјави дека од примените пациенти три се деца на возраст од шест до 11 години.
Надлежните институции засега не соопштуваат каде е изворот на салмонелата, но, според првичните неофицијални информации, поголемиот дел од пациентите јаделе еклери.
Симптомите предизвикани од салмонела се болки во стомакот, мачнина, повраќање и дијареа, а може заболениот да има зголемена температура, да чувствува малаксаност, жед и вртоглавица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



