За едно шише газиран пијалак „кока-кола“ од половина литар, потребно е да претрчате шест и пол километри за да ги стопите калориите.
Научниците тврдат дека поголемиот број луѓе не читаат информации за калориите кои се наоѓаат на амбалажите на производите и не ги разбираат како пораки кои се важни за нивното здравје.
Затоа се предлага поинаков начин – да се информираат луѓето дека им е потребно да трчат 42 минути, односно околу шест и пол километри за да ги стопат калорите кои содржат половина литар „кока-кола“. Истражувачите од „Џон Хопкинс Блумберг“ од школата за јавно здравје во Балтимор открија дека на тинејџерите на кои им е соопштена оваа информација одбрале поздрави пијалаци или помали шишиња.

Тие тврдат дека ако на менито пишува дека еден двоен чизбургер бара прошетка од осум километри за топење на сите калории, луѓето би одбрале помал хамбургер кој содржи помалку калории.
Истражувачкиот тим поставил знаци во шест продавници во Балтимор претставувајќи ги фактите за газираните пијалаци. На знаците пишува дека за согорување на 250 калории се потребни 50 минути активност.
Резултатот од ова истражување беше пораст на продавање здрави пијалаци и вода, а драстичен пад на продажбата на калоричните сокови, особено од страна на младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


