Еуромакс Ресорсес Лтд. склучи Договор за откуп на произведено злато со РГЛД Голд АГ, подружница во целосна сопственост на американската компанија Ројал Голд Инк, вреден 175 милиони долари за дополнително финансирање на следните фази на развој и изградба на проектот за бакар и злато Иловица во Република Македонија.
Исплатата на средствата според Договорот за откуп на произведено злато ќе се реализира во три транши и тоа, првата транша во износ од 7.5 милиони УСД ќе биде исплатена во период од 90 дена од денот на потпишување, втората транша од 7.5 милиони долари една година од денот на потпишување и третата транша од 160 милиони долари, ќе се реализира до капитализирање на проектот.
Првите две транши од Договорот за откуп на произведено злато ќе се искористат за продолжување на развојот на Проектот во однос на дозволите за Проектот и завршување на Дефинитивна Физибилити Студија („ДФС“) и инженерски дизајн („ФЕЕД“) планирани за 2016 година. Третата транша треба да се користи за финансирање на сите капитални расходи на Проектот, пропорционално со други извори на финансирање.
Според Договорот за откуп на произведено злато, Еуромакс ќе испорача физичко злато во износ еднаков на 25 отсто од златото за исплата произведено од Проектот додека да се испорачаат 525.000 унци на Ројал Голд и 12,5 отсто до крајот на животниот век на рудникот. Ројал Голд ќе го купува испорачаното злато во готово во вредност од 25 отсто од фиксната пазарна Лондон ПМ цена на златото на Лондон Билион Маркет Асосиешен на денот на испорака за секоја испорачана унца и ќе се примени платниот биланс како одбиток од авансот од 175 милиони долари. Нема да се пресметува камата на авансното плаќање.
Коментирајќи во врска со ова соопштение, Варшан Гокол, Главен финансиски директор на Еуромакс Ресорсес УК Лимитед, рече:
-Задолжувањето со 175 милиони долари соопштено денеска е многу подалекусежно од едноставно регулирање на потребите за финансирање на Фаза 1 и ни овозможува да се држиме до програмите ДФС и ФЕЕД за испорака во 2016 година. Во согласност со нашата стратегија за финансирање, успеавме да ја мултиплицираме вредноста на основните средства на Иловица и со тоа да го минимизираме распрскувањето на вредноста на акционерите. Важно е дека стримингот претставува само 14 отсто од нашето производство на злато и ќе задоволи 31 отсто од нашите очекувани капитални расходи за изградба и понатамошно ќе го подобри внатрешниот поврат на средства на Проектот.
Исплатата на средствата од втората и третата транша ќе биде реализирана доколку Ројал Голд е задоволен со напредокот и крајните резултати на ДФС и оцената на влијанието врз животната средина и социјалните услови и резултатите во тој момент, како и од позицијата на Проектот во однос на релевантните дозволи и пристапот на Еуромакс до доволно финансиски средства за да се заврши ДФС и да се обезбедат сите неопходни одобренија за развој и на сите трошоци за градба.
Коментирајќи во врска со ова соопштение, Steve Sharpe, Претседател и Главен извршен директор, рече:
Во предфизибилити студијата за локалитетот Иловица и Штука се утврдени 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според преценките, има присуство на 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Од овие количини истражувањата потврдуваат искористување од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот. Според податоците, површинскиот коп кај Иловица и Штука се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони годишно. Просечното годишно производство ќе биде 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Според количините што ги поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години.
Еуромакс поседува две концесии и тоа, концесија за експлоатација која опфаќа простор од 1,68 км2 и концесија за детални геолошки истражувања на друга соседна локација која се простира на 3,27 км2. Рудникот за бакар и злато треба да започне со работа во 2017 година, а вкупните инвестиции за реализација на оваа грин-филд инвестиција се 500 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СДСМ од Иловица и Штука со директни пораки кон Заев: Премиерот да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не!
-
Босилово денеска гласа за рудникот Иловица, Владата го држи договорот во тајност
-
Еуромакс ресурсис обезбеди 215 милиони долари за проектот Иловица
-
Забранета водата за пиење од водоводот Иловица



