| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го освои Тетово

Лидерот на табелата во Првата Македонска фудбалска лига Вардар продолжува со одличните партии. Денеска „црвено-црните“ гостуваа на жешкиот терен во Тетово против домаќинот Шкендија. Вардарци за само 15 минути успеаја да дадат два гола и да го решат победникот во раната фаза од натпреварот бидејќи играчот на Шкендија Митров оправдано заработи црвен картон во 24 минута. Шкендија успеа да даде еден гол во вториот дел преку Имери во 74 минута, но само да го ублажи поразот.
Головите на шампионот на Македонија ги постигнаа Петковски и Грнчаров во шестата и 15 минута.
Со оваа победа Вардар се остана со осум бода предност пред Работнички и девет од Шкендија.

Силекс во Кратово извојува многу значајна победа од 2-1 над еден од аспирантите за титулата тимот на Металург. Поведе домаќинот преку Недељковиќ од пенал во 36 минута. Металург целосно резултатски се врати на натпреварот со голот на Георгиевски во 67 минута. Сепак трите бода останаа во Кратково благодарејќи на Дурански со гол во самиот финиш од мечот.

Во дербито на дното Брегалница го декласираше Тетекс со 4-1. Два гола беа дело на Маркоски, а по еден постигнаа Вековски и Ристовски. Единствениот гол за тетовци го постигна Да Силва во 90 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top