
Масовна акција за собирање на отпад денеска се спроведе во повеќе општини во државата како дел од проектот „Македонија без отпад 2014“ на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“.
Вработените во општина Кисела Вода, сезонските работници, но и сите оние граѓани кои се одзваа на повикот од општината, денеска, со почеток во 9 часот започнаа со активностите насочени кон чистење и развивање на свеста за правилно постапување со отпадот.

Од трите локации на кои интензивно се чистеше, патот за Теферич (од складот на Треска до црквата Св. Преображение, во должина од 1 км), трим-патеката и локалниот пат Пинтија – Горно Лисиче, собрано е околу 30 кубни метри комунален смет, како и 40 вреќи со ПЕТ амбалажа и хартија. Отпадот, со камиони, е пренесен до депонијата Дрисла.
На повеќе локации во општината Ѓорче Петров денеска се спроведоа акции за чистење отпад, кој беше собиран во големи контејнери за одлагање на кабаст отпад.
Во акцијата, како што информираат од општината, беа вклучени месните и урбани заедници, градинката, основните училишта од општината, општинската администрација и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.
Акцијата со масовна излезеност се одвиваше според изработениот план и ги опфати основните училишта, градинките, зелените површини во општината, кејот на реката Вардар, како и сите урбани и месни заедници.
Во соработка со јавните претпријатија и неколку градежни фирми од градот, општина Битола и оваа година е дел од националната акција „Македонија без отпад 2014“. Во рамките на акцијата под координација на општинскиот инспекторат во Битола се чисти на 15 локации каде што се лоцирани диви депонии.
Националната акција за собирање на отпадот која има за цел поттикнување и активирање на јавноста на Македонија за чистење на расфрланиот комунален отпад,како и едукација за негово правилното отстранување, се одржува трета година по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


