| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Дипломатија и феминизам: Каде се жените во политичката медијација“ од Нела Ташковска

promocija kniga1

Денеска во просториите на фондацијата „Никола Кљусев“ се одржи промоција на книгата „Дипломатија и Феминизам: Каде се жените во политичката медијација”, од младата авторка, магистер по дипломатија, феминизам и човекови права Нела Ташковска.

Почесни гости и соговорници на настанот беа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата на еднакви можности на мажите и жените во Собранието на Република Македонија и Даниела Димитриевска, извршен директор на Македонското женско лоби.

promocija kniga

Ташковска првпат својата книга ја има издадено во САД за Проквест УМИ. Книжевниот труд претставува научно истражувачки проект низ што се анализира сферата на дипломатијата од родово-сензитивна перспектива и нуди нов пристап и стратегии за применување на политичката медијација.

Оваа книга дава одговор на прашањето зошто сѐ уште светската дипломатија не е наклонета кон поголемо присуство на жени-амбасадори и кои се причините за тоа.

lile popovska

– Значајно е да и придадеме значење на младата авторка, која влегува во една деликатна тема. Јас се гордеам што една млада дама тргнала по патот на феминизмот и ја имам можноста да кажам дека ја чувствувам како мој соборец. Еднаквоста на половите е темел на една демократска држава и имплементација на демократските процеси. Македонија е меѓу најдобрите земји во развој на еднаквост, во самиот врв помеѓу Европа по бројот на вклученост на жените во политиката. Книгата посочува дека жените можат еднакво како мажите да се справат со сите предизвици, и дека е потребно да им се креира баланс помеѓу жените и мажите во политиката и дипломатијата – изјави Поповска на промоцијата.

Според Димитриевска,  оваа книга придава новитет во начинот на истражувањето, со оглед на тоа дека не толку многу е видливо.

promocija1

– Во моментов во Македонија има само пет жени амбасадорки, што е мал број. Овој број на жени во дипломатијата е средна бројка, која сметаме дека може да се зголеми за што и ние во македонското женско лоби се залагаме. Дипломатијата е во една сомотска ракавица, како што авторката цитира во трудот. Инсистираме жените да се вклучат во дипломатијата и политиката, само заради тоа што жените имаат различни размислувања и искуства, кои може да се пренесат во секојдневното работење и да претстави еден нов начин – рече Димитриевска.

Нела Ташковска е родена на 30ти мај, 1988 година., во Скопје. Своето образование го има завршено во САД, каде дипломирала на Универзитетот „Пурдју“, отсек политички науки и магистрирала на Универзитетот Розевелт во Чикаго, отсек дипломатија, феминизам и човекови права. Ташковска има повеќегодишно искуство работејќи во одделот за политички настани при Советот за надворешна политика во Чикаго, организирајќи политички дебати и панели со високи претставници од Американската влада како Ал Гор и Хилари Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top