| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите на ИСИЛ уживат во луксуз, а цивилите умират од глад (фото)

luksuz-dzihadisti500

Градот Рака стана престолнина на исламските фанатици откако ја формираа самопрогласената Исламска држава, но како што пренсува весникот „Дејли мејл“ јазот меѓу сиромашните жители на градот и богатите џихадисти е сѐ поголем.

Додека сиромашните граѓани гладуваат, исламистите јадат во хотели со 5 ѕвезди, а за тоа сведочат и фотографиите на кои се гледа како џихадистите пливаат во базен на покривот од луксузен хотел.

1luksuz-dzihadisti500

Жителите на Рака преживуваат благодарение на побогатите сограѓани кои отвориле народни кујни. Болниците се затворени, а лекарите си заминале, па болните одат на лекување во Турција, а многумина од нив умираат по пат.

 Откако стигнаа џихадисите, станаа елитна заедница. Добија убави куќи, луксизни возила и голема месечна плата. Многумина се ранети во борбите, додека по нив доаѓаат камиони кои ги носат на лекување, цивилите остануваат да лежат ранети, изјавил еден маж на Си Би Ес, кој се претставил како  Абу Ибрахим ал Ркави.

Со цел да привлечат доброволци од Запад, џихадистите е сами ги објавуваат фотографиите на кој е прикажан луксузот на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top