| четврток, 6 декември 2018 |

Бушати: Белград да ги повлече навредите за Албанците

United Arab Emirates Foreign Minister Sheikh Abdullah bin Zayed Al Nahyan visits Tirana 

Шефот на албанската диполоматија Дитмир Бушати побара од Србија да ги повлече сите свои навредливи изјави против Албанците.

Во својот говор во Собранието на Албанија, министерот за надворешни работи Дитмир Бушати рече дека српската страна изминатите денови употребила јазик на омраза, коментирајќи го инцидентот кој се случи за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија – Албанија на стадионот на Партизан во Белград, поради што го повика Белград да се дистанцира од сите провокации.

-Имавме реакции од српскиот претседател и премиерот, како и од Фудбалската федерација на Србија, и заеднички елемент на сите тие изјави беше јазикот на омраза против Албанија. Албанија со жалење констатира дека очекува од српските официјални претставници да се дистанцираат од ваквите изјави – рече Бушати.

Првиот човек на албанското МНР, подвлече дека Албанија внимателно ги следела сите случувања во врска со инцидентот и констатира дека албанскиот амбасадор во Србија не можел да ја извршува својата должност, бидејќи српската страна го уапсила и подоцна незаконски им ги одземала документите на членовите на делегацијата.

Седницата на која говореше Бушати за инцидентите во Белград, не ја следеа пратениците на опозицијата кои повеќе месеци ја бојкотираат работата на парламентот поради незадоволство од работата на владејачкото мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top