| четврток, 6 декември 2018 |

Олси Рама – немам ништо со знамето што леташе на стадион

524339_olsi-rama_ff

Олси Рама, братот на албанскиот премиер, кој е осомничен дека стои зад инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, пристигна денеска во Тирана и демантираше дека е поврзан со тој случај. 

– Немам ништо со леталото. Не разбирам од каде е таа приказна – изјави Олси Рама по доаѓањето во Тирана.

По инцидентот вчера тој беше приведен на стадионот околу 40 минути, а потоа пуштен. Рама ги оквалификува како шпекулации на српските медиуми информациите дека тој го организирал инцидентот и дека го управувал леталото. 

– Не сум ниту апсен ниту приведен. Кога се случи инцидентот ситуацијата стана хаотична и полицијата сите ги претресуваше. Им ги покажав американскиот пасош и камерата. Тоа траеше неколку минути – тврди Рама, кој во Тирана пристигна со делегација на албанската репрезентација. Селекцијата на аеродромот „Ринас“ ја дочекаа неколку министри и неколку илјади навивачи. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top