| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Србите се почувствуваа како Македонците кога им вееја грчко знаме?

srbi so grcko zname golema-615x400Меѓу коментарите на социјалните мрежи вечерва по прекинатиот натпревар Србија- Албанија, можеше и да се прочита:

memories„Претпоставувам Србите денеска на ЈНА се чувствуваа исто како Македонците пред две години на Градски, а?“

срб грцко знамеВсушност, дел од јавноста случувањето на стадионот на ФК Партизан во Белград ги потсети на српските навивачи кои за време на квалификацискиот натпревар за СП на Арената Филип Втори, во 2012 година, кога на источната трибина, во делот на гостинските навивачи провоцираа навивајќи со знамиња на Грција.

За потсетување, тогаш Македонија победи со 1-0 со голот на Агим Ибраими од пенал.

Истото се случуваше и на мечот во Јагодина, Србија, минатата година.

srbi-provokacija2Секако не е само фудбалот каде Србите го истакнуваат грчкото знаме кога играат со Македонија. Тоа се случи и во Ниш за време на ракометниот репрезентативен меч лани во јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top