По големиот инцидент што се случи на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград, судијата Еткинсон откако доби ветување од комесарот за безбедност Миливој Мирков дека навивачите на трибините нема да продолжат со никакви инциденти, одлучи да го продолжи натпреварот кој се игра на стадинот на Партизан и ги повика играчите на двете репрезентации да се вратат на теренот.
Потоа комесарот за безбедност Мирков се обрати до навивачите дека во случај на било каков и најмал инцидент натпреварот ќе биде повторно прекинат, а Србија ќе биде драконски казнета.
По ова голема група на навивачи на српската репрезентација кои се наоѓаат на јужната трибина дошле до физичка пресметака со полицијата по што морале да реагираат и специјалните сили на жандармеријата. Трибина е пола испразнета и створени се услови за продолжување на натпреварот.
Српските фудбалери веќе се наоѓаат на клупата за резервни фудбалери, додека Албанците сѐ уште се во соблекувалните. Иако беше најавено дека ќе продолжат со игра, тие поставуваат услови за да излезат на терен – бараат трибините да бидат испразнети. Според коментаторот на српската телевизија, најверојатно мечот нема да продолжи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


