| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска се отвора првата банка за ракија

rakija1

Во почетокот на мај идната година ќе биде отворена првата хрватска банка за ракија. Проектот е на Здружението на производителите на ракија од овошје, која со години произведува ракија на традиционален начин.

На оваа идеја дошле поради инсистирање на купувачите. Многумина од нив сакале да купат некоја ракија, но посакале да им се чува ракијата, односно шишето до одреден рок.

– Ракијата не може да биде на полиците, па решивме да направиме еден вид банка. Во подрумот ќе има различни прегради, за еден литар, за два, за пет или повеќе и секој ќе добие клуч и ќе биде запишан во регистар. Сите купувачи може да бидат сигурни во таков начин на архивирање, бидејќи условите во банката се идеални. Ракијата е во запечатени стаклени шишиња, на потребна температура – велат од Здружението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top