| четврток, 6 декември 2018 |

„Самсунг“ претстави нова технологија за петпати побрз безжичен интернет

Samsung-Electronics-gained-the-highest-profit

„Самсунг“ најави дека има развиено нова верзија на безжичен интернет, која постигнува петпати поголема брзина од сегашната, соопштува интернетското издание на „Дигитал трендс.

Покрај тоа, компанијата вели дека новиот стандард ќе ги постигнува и изнесените теоретски брзини, што обично не се случува со сегашните генерации.

Причината за тоа е дека сигналот на безжичниот интернет влијае многу од ѕидови, други сигнали и предмети.

Затоа тој речиси никогаш не постигнува максимални теоретски вредности.

Според „Самсунг“, сепак, овој проблем веќе е решен. Новиот стандард 802.11ad ќе работи на 60GHz, а не на 2.4GHz или 5GHz, како досегашните. Тоа значи дека се елиминираат интерференциите, без разлика колку уреди користат иста мрежа, коментираат од компанијата.

Теоретски, врвот на стандардната брзина е до 4.6Gbps, или 575 MB во секунда. Во моментот повеќето уреди за безжичен интернет достигнуваат максимум од 866 Mbps или 108 MB во секунда.

Ако најавените вредности од „Самсунг“ се покажат како точни, тогаш идните уреди за безжичен интернет ќе можат да пренесат 1GB информации меѓу себе за помалку од 3 секунди.

Корејскиот производител планира да почне со интеграција на новиот стандард во уредите уште од следната година.

Од технологијата ќе имаат корист речиси сите комуникациски производи на компанијата, вклучувајќи и медицински уреди, електроника и опрема за телекомуникации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top