| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава: Јавно погубен снимател на локална ирачка телевизија

Екстремистите на Исламската држава јавно погубија снимател на локалната ирачка телевизија, неговиот брат и уште двајца цивили во едно село кај градот Тикрит, соопштија роднини на погубените. АФП наведува дека џихадистите го убиле Рад ал Азавија снимател во телевизијата Салахедин од Тикрит оддалечено од 140 километри северно од Багдад и уште три жртви во селото Самра, источно од градот. Репортери без граници соопштија дека таткото на три деца припадниците на ИСИЛ го заробиле на 7 септември откако дошле во неговата куќа и го одвеле заедно со неговиот брат.

-Тој не направи ништо погрешно-единствено негово злосторство е што беше снимател и што си ја работеше работата. Мора некои луѓе од селото да го обвиниле дека работел за владата и го предале на џихадистите., вели еден од роднините.

Минатиот месец RSF предупреди дека Исламската држава има намера да го погуби Азави бидејќи одбил да работи за нив. Припадниците на ИС вчера рано наутро погубија деветтмина луѓе во два града на север од земјата, обвинувајќи ги за контакти со антиџихадистичките организации, соопштија безбедносни извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top